Неколку лица загинаа, а најмалку тројца се повредени во пожар што избувна денеска во нафтена рафинерија во градот Ухта во Република Коми во северозападна Русија.
Локалните власти тврдат дека пожарот не бил резултат на украински напад, пренесе Бета.
- Денеска дојде до пожар во рафинеријата за нафта во градот Ухта при планирани технички работи, што резултираше со смртни случаи и повредени, напиша истражниот оддел на Телеграм.
Локалните власти не прецизираа на која компанија и припаѓа рафинеријата, но сликите објавени од локалното министерство за вонредни состојби го покажуваат логото на нафтениот гигант Лукоил