ПОВЕЌЕ НЕМА ДИЛЕМА – Чави потврди се: “Усман Дембеле ја напушта Барселона!“ – еве каде ја продолжува кариерата францускиот ас!

Тренерот на БарселонаЧави, претходниот ден потврди дека францускиот напаѓач Усман Дембеле наскоро ќе го напушти каталонскиот клуб.

Ќе бидам јасен… Тој ни кажа дека сака да замине – беше многу јасен – дека има понуда од Пари Сен Жермен, дека му се јавиле и не можеме да направиме ништо околу тоа. Тоа е негова лична одлука“, изјави Чави на конференцијата по пријателскиот натпревар со Милан.

Усман Дембеле дојде во Барселона во 2017 година, а 26-годишниот фудбалер во кариерата играше за Рен и Борусија Дортмунд.

Фудбалерите на Барселона претходниот ден го победија тимот на Милан со резлутат од 1:0, на подготвителниот натпревар кој се одигра во Лас Вегас.

Каталонскиот клуб оствари победа со голот на Ансу Фати во 55. минута.

Ова беше последен подготвителен натпревар на Барселона на северноамериканската турнеја, а актуелниот шампион на Шпанија во новата сезона во Примера влегува на 13. август со гостувањето кај Гетафе.