“ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ЛУЃЕ ГЛАДУВААТ…“ – Палестинските власти ги повика Обединетите нации да прогласат глад во Појасот Газа

Палестина денес ги повика Обединетите нации официјално да прогласат глад во Појасот Газа, кој од 7. октомври е под израелски напади. 

Меѓународните извештаи покажуваат ширење на гладта меѓу палестинските семејства кои поминуваат цели денови без храна“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Палестина

Оттаму додаваат дека повеќе од милион луѓе во Појасот Газа гладуваат. 

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, претходно изјави дека четири од петте најгладни луѓе во светот се во Појасот Газа

Околу 1,9 милиони раселени лица се во засолништа и се изложени на силен глад, а 50.000 бремени жени се во засолништа без вода, лекови и здравствена заштита“, објави Министерството за надворешни работи на Палестина.

Израел го нападна Појасот Газа по прекуграничен напад на палестинската милитантна група Хамас, на 7. октомври, при што досега загинаа најмалку 20.915 Палестинци, главно жени и деца, а беа повредени повеќе од 54.918.