Повеќе од 100 Палестинци се убиени во израелскиот ракетен напад врз бегалскиот камп Џабалија во Газа
– Повеќе од 100 Палестинци се убиени, а голем број се ранети во израелскиот ракетен напад врз бегалскиот камп Џабалија во Појасот Газа денес. Голем број Палестинци и понатака се водат за исчезнати под урнатините на станбените згради, објавија палестинските медиуми.
„Над 100 Палестинци се убиени денес во новиот масакр што го извршија израелските окупаторски сили бомбардирајќи и гранатирајќи го бегалскиот камп Џабалија во централниот дел на Појасот Газа.“, објавија официјалната палестинска новинска агенција ВАФА.
Израелската војска на 1-ви декември (петок) продолжи со интензивни напади низ Појасот Газа по завршувањето на хуманитарната пауза. Според податоците на Министерството за здравство на Газа, истиот ден се убиени 193 Палестинци, а 652 се ранети.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7. октомври.
Оттогаш се убиени повеќе од 15.200 Палестинци, од кои повеќе од 6.150 се деца и над 4.000 жени, објавија здравствените власти на палестинската енклава.
Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.
„Ханибалова директива“ или „Ханибаловиот протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (IDF) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.