Повеќе од 30 загинати во поплавите и свлечиштата во Бразил

Поројните врнежи од дожд во крајбрежните области во југоисточниот дел на Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа 36 лица, а неколку стотици останаа без своите домови, соопштија локалните власти.

Владата на сојузната држава Сао Паоло потврди дека 36 лица загинале, а стотици ги напуштиле своите домови или останале без покрив над главата по обилните дождови што го погодија брегот.

Гувернерот Тарцисио де Фреитас денеска ќе се сретне со федералните власти за да ја координира помошта за луѓето погодени од трагедијата, се вели во соопштението.  

Сао Паоло прогласи 180-дневна вонредна состојба во шест градови поради екстремните временски услови. Пристаништето Сантос, најголемото во Јужна Америка, е затворено поради силните ветрови и брановите од над еден метар, јавија локалните медиуми.

Спасувачките служби продолжуваат да трагаат по жртви.

Бразилскиот претседател Инасио Лула да Силва на социјалните мрежи објави дека денеска ќе ги посети најтешко погодените области.

Временските прогнози најавуваат продолжување на обилните врнежи