– Повеќе од 900 Евреи екстремисти под заштита на израелските сили упаднаа во џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим).
Според изјавите на очевидците, еврејските доселеници екстремисти, заедно со екстремистичкиот рабин Јехуда Глик, поранешен пратеник на партијата Ликуд во израелскиот Кнесет, влегле во дворот на Ал Акса во групи од по десет лица.
Евреите екстремисти влегоа во Харем-и Шариф преку Ал-Мугарба под заштита на голем број израелски полицајци.
Според кусото соопштение што го даде Администрацијата на исламските фондации во Кудс, меѓу екстремистите кои упаднале во Ал Акса бил и Јицак Васерлауф, министерот одговорен за регионите Наџаф и Џелиле.
Во соопштението се вели дека 923 еврејски доселеници екстремисти под заштита на израелските сили упаднале во дворот на Ал Акса.
Денешните упади во Ал Акса се спроведуваат во рамките на „маршот на знамето“, што секоја година како провокација се организира во знак на сеќавање на израелската окупација на Источен Кудс во 1967 година.
Се стравува дека упадите ќе се зголемат во следните часови поради повиците на еврејските доселеници за учество во „маршот на знамето“.
Палестинските групи сакаат „маршот на знамето“ да биде откажан поради растот на тензиите и бесот на Палестинците бидејќи во изминатите години биле напаѓани и каменувани од страна на еврејските доселеници.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во своето обраќање пред членовите на партијата Ликуд во израелскиот Кнесет на 15 мај рече дека „маршот на знамето, како и секогаш, според планираното ќе продолжи по својата вообичаена рута“.
Според информациите што ги објави израелскиот Канал 13, се планира четворица израелски министри, меѓу кои и екстремно десничарскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, и министерот за финансии, Безалел Смотрич, да учествуваат на „маршот на знамето“.
Еврејските доселеници екстремни десничари организираат провокативен „марш на знамето“ секоја година во мај, во сеќавање на израелската окупација на Источен Кудс во 1967 година.
За време на минатогодишниот провокативен марш, еврејските доселеници извикуваа слогани „смрт за Арапите“, вербално и физички ги нападнаа Палестинците, а израелската полиција при интервенциите употреби сила врз локалното население, повредувајќи десетици Палестинци.