„Со питон ја нападнал жртвата“ Шок сцена на сред улица – ваква тепачка досега не сте виделе (ВИДЕО)

Маж (45) од Торонто е уапсен откако за време на улична тепачка нападнал друг маж со питон.

Полицијата претходно добила дојава дека маж малку пред полноќ им се заканува на случајни минувачи со змија во близина на раскрсница.

– Дошло до физичка пресметка и мажот употребил питон за да ја нападне жртвата – соопшти во саботата полицијата.

На социјалните мрежи кружи видео како маж замавнува со змија и со неа удира друг човек. Жртвата се обидува да се одбрани, но мажот продолжува да го тепа со змијата.

Наскоро пристигнува полицијата која ја прекинува тепачката и ги принудува мажите да легнат на земја. На видеото се гледа и како питонот се обидува да избега.

Мажот беше обвинет за напад со оружје и злоупотреба на животни. Тој се појави во судот преку видео врска и му е одреден притвор.