Повеќе специјалци од спортисти, полицајци на крововите, снајперисти на балкони: Погледнете ги безбедносните мерки пред отворањето на ОИ
Сè е полно со полиција.
Свеченото отворање на Олимписките во Париз се организираше на спектакуларен начин , а низ француската престолнина мерките за безбедност беа на највисоко можно ниво.
Свеченото отворање, за прв пат во историјата, не се одржа на стадионот, туку во овој случај на реката Сена и поради тоа безбедносните мерки се подигнати на највисоко можно ниво.
Многумина беа загрижени за безбедносните ризици за време на таков настан, а француските власти распоредија речиси 50.000 полицајци и војници, заедно со специјалните сили, за да ја обезбедат церемонијата.
Покрај сето тоа, вклучени беа и снајперисти, како и системи за слетување на дронови, а сето горенаведено може да се види пред почетокот на церемонијата.
Како што може да се види на фотографиите, полицајци има дури и на покривите на зградите, снајперисти се наоѓаат на балконите, додека специјалците се движат по Сена.
Како изгледа сето тоа можете да видите подолу.