„ПОВИКАЈТЕ ГО ГОСПОДИНОТ ЗЕЛЕНСКИ“ Лавров остр кон претседателот на Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека заради мирот во Украина, неопходно е да се промени претседателскиот декрет издаден од Володимир Зеленски минатата година.

„Ќе треба да го повикате господинот Зеленски, бидејќи пред година и пол потпиша декрет со кој се забрануваат преговори со Владимир Путин“, рече Лавров на прашањето за дипломатскиот пристап кон прекинот на огнот. Министерот за надворешни работи на Русија додаде дека верува дека Западот се обидува да ја истроши Русија во Украина, пренесува Ројтерс.

Останува на Украинците да препознаат колку длабоко се во дупката што Америка ја ископа“, нагласи Лавров. Кога го потпиша указот минатата година, Зеленски истакна дека Украина е подготвена за разговори со Москва, но под услов друг претседател да застане на чело на Русија.