Повредените лица од пожарот во Кочани остануваат без докторката во кочанската болница која се грижи за нив

Повредените лица од од пожарот што се случи на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ во Кочани, преку соопшение алармираат дека остануваат без докрорката која се грижи за нивните пореди, бидејки истата заминува во друга болница, а тие немаат информација дали некој воопшто ќе ја замени и дали ќе има кој да се грижи за нивните повреди и терапија.

Ја информираме јавноста дека од овој понеделник, 1 јуни 2025, докторката Катерина Паниќ, која беше наш главен доктор и поддршка во целиот период на опоравување, повеќе нема да биде дел од ЈЗУ Општата болница – Кочани. Таа заминува во друга болница, и иако никој нема да може да ја замени, ние сè уште немаме информации кој ќе дојде на нејзино место и каков ќе биде понатамошниот пристап кон нашето лекување. Вистината е – не знаеме што нè чека утре. Никој не ни кажува кој ќе дојде после неа, или како ќе изгледа нашата понатамошна грижа. а ние веќе се прашуваме – дали пак ќе останеме сами? Повеќе не веруваме и сакаме да знаете дека не е исто. Не е исто кога некој само ја пополнува смената, и кога некој навистина се грижи. Ние тоа го чувствуваме – секој ден, на секој преглед, во секој здив од болка.

Докторката Кате не беше само лекар – таа беше наша надеж, сила и стабилност. Апелиравме, зборувавме, информиравме. Нè игнориравте. Наместо да добиеме подобри услови – ги изгубивме единствените што вредеа. Наместо поддршка – добиваме молк. Наместо итно решавање на санитарните проблеми во болницата, ние сè уште ги третираме нашите рани во мијалници од пред 50 години. Ќе имаме ли институционален одговор на тие апели? Дали некој реално се справува со овој проблем? Дали некој ќе го слушне нашиот глас? – прашуваат повредените лица од пожарот во Кочани.