Според првичните информации, повредени се машиновозачот и кондуктерот
Страшен судар на возови се случи денеска на 400 метри во внатрешноста на тунелот меѓу споменикот на Волкот и Панчевачкиот мост, ова е првата информација по оваа несреќа. За српски телеграф е потврдено дека има неколку повредени, а според неофицијални информации меѓу нив е и кондуктерот.
Раката на возачот наводно била скршена.
“Несреќата беше страшна“, рекол соговорникот од местото на настанот.
На местото каде од тунелот ќе ги извлечат повредените се испратени три екипи на Брза помош.