Во Здравствен дом Крива Паланка со повреди бил донесен Д.З., на возраст од 49 години. Тоа, според пријавата синоќа во 20.05 часот во ОВР Крива Паланка, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во Јавното претпријатие „Македонија пат“, се појаснува во соопштението.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.