Последниве денови на Фејсбук се појави позната објава во која поверуваа голем број корисници
Како дел од оваа објава, корисниците се поканети да споделат одреден текст на нивниот Timeline за да ги заштитат своите лични податоци.
Во соопштението се предупредуваат корисниците дека Facebook наскоро ќе почне да наплаќа за користење на услугите . На почетокот на лажната објава пишува: „За секој случај. Забелешка: Бевме советувани од адвокат да го објавиме ова. Повредата на приватноста може да биде казниво со закон“.
Сепак, на корисниците им се советува да не наседнуваат на оваа погрешна објава бидејќи нејзиното споделување нема да ги заштити нивните податоци. Исто така, беше забележано дека Фејсбук нема да воведе наплата од понеделник, како што се наведува во објавата. Иако Мета најави опционална претплата на Фејсбук и Инстаграм, што овозможува гледање содржини без реклами, беше нагласено дека содржината на оваа објава е измислена, лошо преведена и чудно споделена од голем број луѓе.