ПОВТОРНО ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА – Вечерва пријавени неколку пожари низ државата: Ова се информациите од ЦУК!

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вечерва се пријавени неколку пожари низ територијата на државата.

Речиси сите пријави се преку европскиот број 112, а станува збор за пожари во:

  • Влез во с. Романовце од десна страна – гори стрниште
  • Шумски пожар од село Лојане се движи према село Вакцинце, известени се ТППЕ Куманово.
  • Пожар кај езерото Мантово од раскрсницата 20 километар, известени се екипи од ТППЕ Штип
  • Горат ниви спроти селото Теново (општина Брвеница) од десна страна, пратени се екипите од ТППЕ Тетово кои интервенираат со едно против пожарно возило и четири пожарникари
  • Активен пожар има и кај село Ратевица – запалена е нива, а на терен се излезени четири пожарникари со две против пожарни возила