– На денешната седница на Парламентот на Албанија повторно имаше тензии бидејќи пратениците од опозицијата ја блокираа говорницата.
Пратениците од опозициската партија Демократската партија на Албанија и други опозициски пратеници надвор од пратеничките групи ја блокираа говорницата со столчиња, а фрлаа и димни бомби во салата.
На денешната седница беше планирано да се расправа за измените во Кривичниот законик на Албанија и за некои други предлог-закони.
Според Парламентот, измените во Кривичниот законик имаат цел да ја зголемат законската заштита на новинарите и другите медиумски работници.
По тензиите, кратката седница беше прекината без да се завршат сите дискусии за предлог-законите.
По тензиите и судирите на седниците на 30 октомври и 2 ноември Парламентот на Албанија донесе одлука осум пратеници од опозицијата во текот на 10 дена да бидат исклучени од работењето на Парламентот.
Последните пленарни сесии и сесиите на парламентарните комисии на Парламентот на Албанија поминаа во тензична атмосфера.
Опозициските пратеници истакнаа дека „опозицијата е решена со сите сили да ги брани своите уставни права со оваа битка во Парламентот“.
Пратениците на Демократската партија на Албанија (ПД) и другите пратеници од опозицијата нагласија дека „отпорот на опозицијата во Парламентот ќе започне“ бидејќи, според нив, „Парламентот се претвори во лична институција на премиерот Еди Рама и на претседателката на Парламентот, Линдита Никола“.