Погина легендарниот руски специјалец: Муџахедините се плашеа од него како од ѓавол, тој ги водеше своите бојници од победа на победа
Херојот на Советскиот Сојуз, пензионираниот генерал-мајор на Воздухопловните сили (ВДВ) Александар Солујанов, почина на 69-годишна возраст.
Тој е познат по легендарните операции за време на војната во Авганистан во кои покажа храброст и херојство.
На 23 ноември 1984 година му беше доделена титулата херој на Советскиот Сојуз за неговата храброст во извршувањето на должноста како дел од контингент советски трупи во Авганистан.
Солујанов командуваше со падобранскиот баталјон на 103-та гардиска воздушнодесантна дивизија во Авганистан.
Во мај-јуни 1982 година, за време на операцијата за уништување на бунтовниците во провинцијата Парван во Авганистан, Солујанов се покажа како вешт командант, ги извршуваше поставените задачи без губење на персоналот и зароби повеќе од 300 непријателски борци, како и три складишта за муниција.
Во јануари 1983 година, Солујанов директно учествуваше во операцијата за уништување на формациите на муџахедините, а во февруари 1984 година, баталјонот под негова команда имаше задача да ги освои доминантните височини окупирани од непријателот.
И покрај силниот отпор, непријателот бил исфрлен од позицијата.
Во последните години од животот бил на чело на здружението Архангел Михаил, друштво за поддршка на православието, а бил и советник на гувернерот на регионот Рјазан.