Погледајте како Кобрите го спречија синот на Александар Вучиќ да се тепа со англиските навивачи (ВИДЕО)
Младиот Вучиќ се обидува да влезе во конфликтот, но обезбедувањето го спречува во тоа.
Веќе пишувавме дека увертирата на вчерашниот дуел меѓу Србија и Англија во Гелзенкирхен беше жестока, а сега се појави детаљ кој на целиот конфликт му дава нова димензија.
Корисниците на социјалните мрежи забележале дека во навивачката тепачка сака да учествува и Данило Вучиќ. Се разбира, станува збор за постариот син на претседателот на Србија.
На видеото се гледа како помладиот Вучиќ се обидува да влета во конфликтот, но обезбедувањето што го придружува како син на претседателот го спречува во тоа.
„Кобрите“ како назив на единицата на воената полиција за специјални намени веројатно ја спасија цела Србија и сите оние кои ги следат случувањата во нашата соседна земја од новите обраќања на Александар Вучиќ.
Tatin sin juri da se pobije sa navijačima Engleske ali Kobre mu ne daju! Kakav otac takav sin!
— Miloš Krstić (@MilosKrstic2211) June 16, 2024
Preuzeto sa ig: neceznurisano pic.twitter.com/3oULGPNQzD