Генијални идеи за брз и лесен појадок кои се готови за неколку минути (ВИДЕО)

Појадокот е најважниот оброк во денот, но поради обврските, недостатокот на време и брзиот начин на живот, многу луѓе го прескокнуваат.

Доколку немате идеја што да подготвите брзо, инспирација можете да најдете на Instagram профилот на Дајен Морисеј, која во кратки видеа носи едноставни рецепти за појадок, но и други оброци.

На две парчиња тост направете вдлабнатини со лажица, а рабовите премачкајте ги со путер. На секое парче тост додадете парче мисиркина шунка, а потоа додадете јајце, малку рендано сирење, сол и бибер.

Сето тоа наредете го на хартија за печење и печете во рерна неколку минути додека кашкавалот не се растопи и порумени.

Вкусен и здрав појадок за почеток на денот е готов за само неколку минути.

На нејзиниот профил можете да најдете бројни идеи за брзи оброци со многу едноставни состојки достапни за секого.

Инаку, Дајен на оваа социјална мрежа ја следат над милион луѓе.