Погледнете го драматичното видео од Белград, Белграѓанка се бори за живот во надојдената вода: „Трчај, жената се дави“
Невидено невреме го покоси Белград изминатите неколку дена. Ветерот, огромното количество дожд, молњите и громовите прво го заспаа главниот град на Србија, а потоа го разбуди. Драмата по улиците не стивнува, луѓето трчаат да си ги спасат становите, куќите, возилата, но и животот. Ваква сцена е снимена и на Петлово брдо, а долго ќе се раскажува дејството на еден работник на ЈКП „Градска Чистота“.
Имено, како што можете да слушнете на видеото кое го објави 192.rs, жената се обидела да пронајде решетка во поројот што се создал за да истече огромното количество вода, но наводно почнала да се дави, а вработениот во „Градска чистотата“ со трчање почнал да ја спасува.
„Оди, оди таму брат, ќе се поплави, бегај брат, бегај, жената се дави“, му рекол младиот од камионот на колегата.
И тогаш извесен Срки брзо стигнал до несреќната жена и ја спасил. Секоја секунда од ова видео евоцира каква драма всушност се одвива цело утро по улиците на главниот град на Србија.
„Срки херој, брат“, рече колега.