Погледнете го застрашувачкиот пад на рускиот авион, пожарот избувна за само неколку секунди – Вознемирувачка снимка (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои наводно се гледа моментот на падот на рускиот авион.

На видеото се гледа како леталото се движи кон земјата, се слуша бучава, а потоа избувнал пожар.

Како што јавија светските медиуми, руски воен авион се урна во близина на границата со Украина кај Белгород.

Во авионот имало десетици патници. Руското Министерство за одбрана наведува дека во авионот имало 65 украински затвореници.

Како што се наведува, станува збор за воен транспортен авион Ил-76.

Според првите информации, украинските затвореници требало да бидат однесени на размена. Министерството соопшти дека во авионот имало уште шест членови на екипажот и тројца помошници.

Несреќата се случила околу 11 часот по московско време.