Погледнете го изразот на Меси кога го виде Ѓоковиќ: А потегот на Новак во тој момент? Генијална снимка

Средбата на Новак Ѓоковиќ и Лео Меси на доделувањето на „Златната топка“ беше еден од најинтересните моменти на оваа престижна церемонија во Париз.

Српскиот тенисер даваше интервју, кога Лео Меси помина зад него и го забележа Новак.

Ноле го прекина интервјуто и појде да се поздрави со Лео (а потоа и со сопругата Антонела), а сето тоа новинарите го следеа со ентузијазам и велеа: ,,Леле, колку убаво. Тие се познаваат“.

Погледнете како изгледаше сето тоа:

Каков господин е Новак најдобро се гледа на крајот од видеото кога се извинува што морал да го прекине интервјуто.

Секако, новинарите ни најмалку не го обвинија бидејќи добија епско видео како го поздравува Меси.