Погледнете го небото за време на турскиот земјотрес: Феномен за кој ни научниците не се сигурни зошто се случува (ВИДЕО)
На снимките од Турција се забележани и некои блесоци кои сега се шират на социјалните мрежи, пишува Јутарњи лист.
Во исто време кога јужниот дел на Турција го потресе силен земјотрес со јачина од дури 7,8 степени според Рихтеровата скала, на небото беа забележани молњи. На снимките се снимени и некои блесоци кои сега се шират на социјалните мрежи.
Феноменот на молња за време на земјотрес се нарекува(ат) „светла на потресот“ (EQL).
Геофизичарите не се сосема сигурни зошто тоа се случува. Некои веруваат дека молњата се јавува кога во близина има голем ресед, односно расцеп во земјата кој го предизвикува земјотресот, додека други велат дека се работи за електричен лак предизвикан од тресење на далноводи.
Погледнете го видеото од молњата што се појави во исто време со земјотресот во Турција: