Погледнете го трејлерот за новиот филм за Боб Марли (видео)

Следната година, поточно на 14 февруари 2024 година, светот ќе има можност да гледа филм за Боб Марли наречен „Боб Марли: Една љубов“. Објавен е и нов трејлер, а во улогата на легендарниот музичар се појави Кингсли Бен-Адир.

Филмот „Боб Марли: Една љубов“ го слави животот и музиката на Боб Марли, кој инспирираше генерации преку своите пораки за љубов и единство. На големото платно публиката за првпат ќе може да ја открие моќната приказна на музичката легенда.

Кингсли Бен-Адир го игра Боб Марли, а Лашана Линч ја игра сопругата на кралот на реге музиката, Рита.

Погледнете го трејлерот: