ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТРЕЈЛЕРОТ: Објавен е нов документарец на Нетфликс за претприемач кој троши милиони за да го спречи своето стареење (Видео)
На Нетфликс беше претставен нов документарен филм „Не умри: Човекот кој сака да живее засекогаш“, кој ги подели ставовите на гледачите.
Низ заплетот на филмот е претставена личноста на Брајан Џонсон, мултимилионер и претприемач кој стана вирален на социјалните мрежи бидејќи троши голем дел од своето богатство за да го запре процесот на стареење.
Филмот го режираше Крис Смит, кој е режисер и на документарните филмови „Кралот на тигарот“ и „Фајр“. Смит преку документарниот филм „Don’t Die“ се обиде да ги претстави главните мотиви на Џонсон кои го наведуваат своето време, енергија и речиси сите пари да ги насочи кон борбата против стареењето.
Заедно со здрав живот, редовно вежбање и многу суплементи, Џонсон дозволува неговото тело да биде подложено на разни научни експерименти кои треба да го подмладат. Филмот го продуцираа Смит, Ешли Венс и Даниел Келер.
Овој документарец ги подели мислењата на гледачите, при што некои од нив коментираа дека е забавен, но не доволно „филозофски длабок“, додека други изјавија дека е „бизарен и интересен во исто време“.
Во неодамнешното интервју за Variety, Брајан Џонсон откри дека неговата единствена цел е да промовира поздрав живот и важноста на спиењето. Посебно истакна дека верува оти доброто здравје е на дофат на секого.