Францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше еден од стрелците на Реал во синоќешната победа во Манчестер против Сити (3:2), а пред натпреварот направи потег со кој ја заслужи почитта кај навивачите на англискиот клуб.
Имено, кога Мбапе пристигнувал на стадионот „Етихад“ и видел дека може со нога да го згази грбот на Сити, го сменил патот и го заобиколил.
Навивачите на Сити на социјалните мрежи беа воодушевени од овој потег на Французинот, кој на тој начин покажа почит кон својот клуб.
За потсетување, Мбапе сега има скор од 24 гола и четири асистенции во 36 натпревари за Реал Мадрид.
Ерлинг Халанд му донесе водство на Сити, а Мбапе израмни така што ја фати топката во воздухот и го измами Едерсон, испраќајќи ја во далечниот агол.
По вториот гол на Халанд, стрелци за Реал беа Брахим и Џуд Белингем.
Мадридскиот клуб на тој начин стигна до 300-та победа во 498 натпревари во Лигата на шампионите и претходниот Куп на европски шампиони.