ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ПАТНИК ОД ХОЛАНДИЈА ЈА СОКРИЛ ДРОГАТА: Внимание привлекла играчката на задното седиште (ФОТО)

На 27 април годинава, на граничниот премин Градина, царинските службеници во соработка со полицијата спречија необичен обид за криумчарење , при што одземаа речиси еден килограм осомничена синтетичка дрога метамфетамин, која патник ја сокрил во плишано мече.

мечиња, дрога

Случајот бил откриен кога комбе со странска регистрација, во кое двајца патници патувале од Холандија за Турција, било издвоено на детален преглед на излез од државата.

При контролата, царинските службеници на задното седиште од комбето пронашле црна мечка, која била невообичаено тешка за плишана играчка, што предизвикало сомнеж дека нешто се крие во него.

Се испоставило дека сомнежот е оправдан, бидејќи при отворањето на играчката, во неа била пронајдена кеса со бела кристална материја, која со рачна анализа реагирала на синтетичката дрога метамфетамин.

мечиња, дрога

По прецизно мерење било утврдено дека се работи за количина од речиси 840 грама од оваа опојна супстанца.

Возачот на комбето заедно со откриената дрога е предаден на полицијата и обвинителството.