Фудбалерите на Норвешка и Шпанија играа во дербито од групата А, натпреварот од 8. коло од квалификациите за влез на Европското првенство.
По првите 45 минути немаше голови, а најголема заслуга за тоа има Алваро Мората.
Напаѓачот на Шпанија постигна гол во 20. минута, но по ВАР-чекот беше поништен. Сосема оправдано бидејќи Мората беше во офсајд.
А токму поради оваа ситуација Алваро Мората е предмет на потсмев на социјалните мрежи ширум светот.
Шпанците изведоа одличен напад, еден од Шпанците ја испрати топката кон средината, но домашните дефанзивци ја одбија топката и таа се упати кон празната мрежа. И таму би завршила за водство на Шпанија.
Но Мората се појави од никаде и побрза да го испрати во мрежата за да може да биде заслужен за голот.
Резултат – ВАР покажа дека голот е од офсајд.