Бензема на шесток удар поради поддршката на Газа! Познатиот ас предизвика гнев со објавата! Поранешниот голман брутално го навреди на пет јазици! (фото)

Познатиот француски фудбалер Карим Бензема предизвика бурни реакции со својата објава на Твитер.

Искусниот ас на Ал Итихад ги коментираше ужасните судири предизвикани од нападот на Хамас врз Израел и шокираше многумина.

Тој испрати порака за поддршка до жителите на Газа и посочи дека тие се жртви на неоправдано бомбардирање.

,,Нашите молитви се со жителите на Газа, кои повторно се жртви на неоправдано бомбардирање во кое не беа поштедени ниту жени ниту деца“, напиша поранешниот играч на Реал Мадрид.

Неговата отворена поддршка за Палестинците налути многумина.

Поранешниот израелски голман Дуду Ауате ја сподели објавата на Бензема на Твитер и брутално го навреди Французинот на пет јазици (француски, англиски, хебрејски, арапски и шпански):

„Кучкин сине“, напиша Дуду.