Погледнете како изгледа повредената нога на Меси: Сите останаа шокирани кога тој ја симна чорапата, плачеше како мало дете на клупата за резерви (Видео)

Колумбија не успеа да им ги замрси сметките на Аргентинците  во финалето на Копа Америка во Мајами, па тимот предводен од Лионел Меси победи со 1:0 за шеснаесетти трофеј во историјата на ова натпреварување.

Стрелец на решавачкиот гол беше Лаутаро Мартинез во 112. минута, а тимот успеа да го добие натпреварот без повредениот капитен. Токму Меси мораше да биде заменет во 66. минута.

Тој всушност се повреди при еден пад и пред тоа трпеше бројни удари. Колку му било тешко сè покажуваат солзите кои ги пролеа по напуштањето на теренот.

Фоторепортерите го снимија и моментот кога легендарниот фудбалер го соблече чорапот и на фотографиите се гледа како зглобот му е прилично отечен и повредата воопшто не изгледа наивно.

Останува да се види кога ќе се врати на терените во Мајами, но и до кога Меси ќе игра за националниот тим.