Погледнете како изгледа уште едно кинеско чудо: За три години изградија мост долг 2.890 метри (видео)

Во средината на минатиот месец, во југозападната кинеска провинција Гуижоу беше завршена изградбата на структурата на мост кој ќе биде највисок во светот.

Имено, последниот дел од железната конструкција, тежок 215 тони, е прецизно поставен на 17-ти јануари. Овој висечки мост се гради над Големиот кањон Хуаџинг, на висина од 625 метри над површината на реката, што е еднакво на висината на две Ајфелови кули.

Ќе биде долг 2.890 метри, а распонот на самиот висечки дел е долг 1.420 метри. Ова ќе биде најголемиот висечки мост во светот изграден во планинска област.

Изградбата започна во 2022 година и треба да биде отворена за сообраќај оваа година. Работата ќе чини 280 милиони долари, а се очекува да го ревитализира споменатиот дел од Кина, кој е претежно рурален. Ревитализацијата треба да значи и развој на туризмот, особено во сегментот на екстремните спортови.

Дополнително, времето на патување низ кањонот ќе се намали за 70 минути.