Погледнете како овој доктор го прослави пензионирањето по 40 години работа

Др. Фил Мастерон е лекар од итна помош во Далас, кој решил да го прослави своето пензионирање на необичен начин, по речиси 40 години стаж, пишува Fox News Digital. Имено, тој на последниот работен ден на брза помош решил да ги изненади колегите, па се појавил на ролерите и танцувал со насмевка на лицето.

Неговата ќерка Никол го објави видеото на TikTok, кое брзо стана вирално, собра 1,7 милиони прегледи и повеќе од 330.000 лајкови. Мастерсон откри дека планирал да се збогува со колегите во каубојска капа и чизми, но на крајот се одлучил за ролери. 

“Јас сум одличен лизгач на ролери. Мислам дека видеото го покажува мојот живот и колку се забавував”, рекол тој и додал дека оваа активност му била одлично ослободување од стрес додека студирал.