(ВИДЕО) Погледнете како реагираше Роналдо кога Милинковиќ-Савиќ беше избран за МВП

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО и Марсело Брозовиќ го освоија првиот трофеј со Ал Наср. Во драматичен меч полн со фаули и со играч помалку, Ал Наср по продолженијата го освои Купот на арапските шампиони со победата од 2:1 против големиот ривал Ал Хилал. Јунак на победата беше Роналдо, кој со два гола и го донесе овој трофеј на својот тим.

По натпреварот, на доделувањето на наградите се случи интересна ситуација. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Ал Хилал, што го изненади Роналдо, кој даде два гола во финалето и тој сметаше дека треба да биде добитник на наградата.