Погледнете како сега изгледа момчето кое на само 6 години сними песна со Северина: Неговата фризура е вистински хит! (ФОТО/ВИДЕО)

Љуба Станковиќ во 2019 година ја сними песната „Туторијал“ со Северина, а сега гостуваше во една емисија каде што ги изненади сите со својот изглед.

Љубомир Љуба Станковиќ се здоби со популарност во 2018 година во натпреварувачката емисија „Пинкови ѕвездички“, во која го нарекуваа чудо од дете.

За време на шоуто сите му предвидуваа голема и успешна кариера, а по завршувањето на шоуто Љуба долго време се пробиваше низ медиумите, беше ѕвезда на разни емисии и имаше шанса да пее со многу регионални музичари.

Неговиот талент за пеење ја воодушеви и Северина, која со Љуба во 2019 година ја сними хит песната „Туторијал“, а тој тогаш имаше само шест години.

Љуба сега гостуваше во емисијата ,,Ами Џи Шоу” на ТВ Пинк каде што ги изненади сите со својот изглед.

Како што можете да видите на фотографиите, малиот Љуба, како што често го нарекуваа во медиумите, веќе не е толку мал, а покажа дека има стил. Тој дојде на снимањето во елегантен, светкав костум со машна, а сите ја забележаа неговата кул фризура.

Љуба оваа недела ја претстави и својата нова песна „Земја“.

Малото момче не се појавува често во јавноста, а пред четири години изјави дека сите го запираат на улица.

,,Секаде каде што луѓето ме запираат, ме гушкаат и бакнуваат и ми велат дека сум победник. Мило ми е што им се допаѓам, но сакам повеќе да пеам. Сите финалисти со кои се натпреварував се мои пријатели и многу ми е жал што заврши натпреварот и што повеќе нема да имаме проби. Многу сум тажен“, изјави тогаш Љуба.