ЖЕЛНИ СЕ ЗА САМО УШТЕ 5 МИНУТИ СЛАВА: Се кршат копјата околу Хари и Меган, сега за нив се караат принцот Вилијам и кралот Чарлс

Кралот Чарлс III (74) побара од надбискупот Велби да дејствува како посредник за да му дозволи на неговиот помлад син, принцот Хари (38) и неговата сопруга Меган Маркл (41) да присуствуваат на церемонијата на крунисување што ќе се одржи во Вестминстерската опатија во мај.

Кралот Чарлс, принцот Вилијам

Сепак, неговиот постар син, принцот Вилијам (40), наводно се спротивставува на идејата и верува дека двојката доаѓањето ќе го искористи за своја промоција и „нови пет минути слава“. Извори од британските таблоиди тврдат дека кралот е убеден дека отсуството на Меган и Хари ќе направи повеќе штета отколку нивното присуство.

Вилијам наводно не се согласува со својот татко и смета дека посетата на неговиот брат и Меган треба детално да се испланира бидејќи во спротивно ќе направи некои работи за да бидат во центарот на вниманието. Извори блиски до кралското семејство рекоа дека на Хари може да му биде понудена функција од висок профил во опатијата или неформална гаранција дека ќе може да ги задржи своите титули како поттик за учество.

-Семејството е поделено, а сè укажува дека на Хари му се советува да не се согласува на ништо во оваа фаза, до последен момент, што го отежнува преговарањето со него. Иако во одреден момент би можел да одлучи да ги отфрли титулите по своја волја, тој се противи на идејата тие насилно да му бидат одземени, изјави извор за Дејли Мејл.

Инаку, кралот Чарлс најпрво побарал од надбискупот да посредува меѓу браќата по смртта на кралицата Елизабета. Велби се најде во непријатна ситуација кога Меган во интервју за Опра Винфри тврдеше дека тајно се оженил со Хари пред нивната официјална венчавка. Тој јавно ги демантираше тие зборови и рече дека кралската венчавка е единствената легална.

Принцот Хари, Меган Маркл

За потсетување, настап на балконот на Бакингемската палата, концерт на светски ѕвезди и ден посветен на волонтерството ќе бидат дел од прославата на крунисувањето на новиот крал. За прв пат по седумдесет години Велика Британија ќе добие нов монарх, а тридневните свечености ќе започнат на 6 мај.