ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА КРАЛСКАТА ПАЛАТА ВО КОЈА ЖИВЕЕ РАФАЕЛ НАДАЛ: Има приватна плажа, пештера, ретки медитерански растенија, а еве колку чини (ФОТО)

Рафаел Надал ова лето го користи за одмор и закрепнување од повредата. Шпанскиот ас неодамна беше и на крстарење по медитеранскиот брег.

Но популарниот Рафа има можност да ужива во ова во текот на целата година, со оглед на тоа што ја избра Мајорка за свое место за живеење.

Кога ќе ја погледнете прекрасната резиденција на семејството Надал во Порто Кристо, Мајорка, се добива впечаток дека подобро место не можело да се избере.

Надал ја купил оваа луксузна вила во 2013 година, а за неа наводно потрошил четири милиони евра.

Вилата има совршена локација, се наоѓа на гребен кој од три страни има поглед кон море, има пристап до сопствена плажа каде има и пештера, но и неверојатна градина како во рајот, која е украсени со четинари и многу медитерански растенија.