ПОГЛЕД ОД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ: Апартманот во Њујорк на омилениот моден дизајнер веднаш ве соборува од нозе

Американскиот моден дизајнер Мајкл Корс ги отвори вратите од својот дом за престижниот магазин „Architectural Digest“ и покажа како го украсил својот простор што го дели со својата долгогодишна партнерка.

Еден од најпознатите модни дизајнери, кој не престана да ги воодушевува модните познавачи со своите дизајни во последните 25 години, за прв пат го пушти во својот дом лоциран во Њујорк, поточно во престижниот дел на оваа метропола, Гринич Вилиџ. . Неговиот вкус за моден дизајн е беспрекорен, но никој не можеше да претпостави дека модниот дизајнер е подеднакво добар и кога станува збор за дизајнот на ентериер .

Така во својот огромен стан со поглед од 100 милиони долари , ставил парчиња мебел потпишани од разни уметници и дизајнери на ентериер, но и уметнички дела како слики и фотографии. Нам ни падна портретот на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон, но и многу други елементи од кои е тешко да се тргне погледот.

Погледнете го следното видео и споделете со нас во коментар како ви се допаѓа овој стан на познатиот американски дизајнер, Мајкл Корс: