„ПОГОДЕНА НАЈГОЛЕМАТА ФАБРИКА ЗА АВИОНИ ВО РУСИЈА“ : Експлозија го осветлила небото, разурнувачкиот напад се случил на 350 километри од ЛИНИЈА ФРОНТОТ (ВИДЕО)
Украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) го погодила главниот производствен погон на фабриката за авиони во руската област Воронеж, дозна денеска Ројтерс од украинските разузнавачки кругови.
Според истиот извор, погоден е објект за поправка на авиони во градот Борисоглебск, но нема информации за степенот на штетата. Градот се наоѓа на најмалку 350 километри од линијата на фронтот контролирана од Украина, на североисток.
Киев напаѓа се подлабоко и подлабоко
Ројтерс не можеше независно да ги потврди овие наводи. Руското Министерство за одбрана претходно објави дека два украински беспилотни летала биле соборени над областа.
Во последно време, Киев навлегува сè подлабоко на руска територија, таргетирајќи ги воените објекти и енергетската инфраструктура што ја напојува руската воена машина. Главно користи домашно произведени дронови со долг дострел.