Тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ бил погребан во Градачац со одобрение на градот, потврдено е за порталот Аваз.ба.
Неговото тело го однеле членовите на семејството од Комеморативниот центар во Тузла.
„Дојде компанија од Градачац, со нив беше и вујкото на Сулејмановиќ, ги платија трошоците и го однесоа телото“, изјави Фарук Латифовиќ, директор на Комеморативниот центар.
Да потсетиме, телото на Сулејмановиќ четири месеци беше во ладилник.
Нермин Сулејмановиќ ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, таткото и синот, Ѓенгиз и Денис Ондер во неговиот крвав пир.