„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е јасна со континуиран став, нема да има уставни измени под овие услови и бугарски диктат. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и кажаа на Комисијата за уставни измени и тоа ќе го повторат на пленарна седница“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и ДУИ не можат долго да манипулираат со јавноста, нивните лаги ќе пукнат како меур од сапуница оваа недела, кога народот ќе види дека власта нема пратеници за уставни измени.
СДСМ и ДУИ се свесни дека тонат и дека немаат излез, но денот кога се на власт продолжуваат да ја лажат и манипулираат јавноста и додека го прават ова нивните блиски фирми заработуваат милиони“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.