ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ОД АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ: Поплава, хаос, лудило, доцни летови! Гејзер на улица, езеро на писта, порои во зграда!

Хаотични сцени се снимени вечерва на германскиот аеродром – аеродромот во Франкфурт, еден од најголемите и најпрометните во Европа, кој го погоди силно невреме проследено со поплави и вода до колена. Пистите се поплавени, авионите се во вода, а на терминалите се појави „езеро“.

Поради големите поплави на аеродромот, следеа масовни доцнења и откажувања на летови, што предизвика хаос на аеродромот.

Откажани се најмалку 70 летови, јавува Ројтерс.