Пожарот во општините Чешиново-Облешево и Пробиштип интензивно се гаси од воздух

Пожарот кој од вчера доцна попладне беснее на територија на општина Чешиново-Облешево, a се прошири и на територија на општина Пробиштип, интензивно се гаси со воздухоплови“, вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. 

Огнените јазици се гаснат со два полициски хеликоптери и еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, а вода се полни од браната Кнежево.

МИА претходно информираше дека и покрај напорите на пожарникарите, пожарот кој вчера  доцна попладне, започна на територијата на општина Чешиново – Облешево продолжил да гори низ висока сува трева, грмушки и деградирана шума, со зголемен интезитет.

Утрово пожарот се движеше во атарите на селата Врбица, Рајчани, Буниш и Турско Рударе а пред малку се прошири и на територијата на општина Пробиштип движејки се во насока на квалитетна шума“, вели Стојанче Ангелов.

Во гаснењето на пожарот се вклучени и пожарникарите од ТППЕ-Кочани и Пробиштип.