Пожар проголтал 15 ТОНИ МАЛИНИ, ШТЕТАТА е БЛИЗУ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА: Огромен пожар зафати ладилник кај Србија (ФОТО)
Огромен пожар зафатил ладилник во селото Ариље , а пожарот проголтал околу 15 тони малини . Според неофицијални информации, штетата е близу половина милион евра.
– Сопственикот на ладилникот е од Пожега, а малините ги има во Мирошаљци и Ѓукиќи. Како што дознаваме, малините не биле осигурани, штетата е огромна. Пожарот е локализиран со големи напори на пожарникарите, изјавија за РИНУ жители од селото каде што избувна пожарот.
Се уште не се знае точната причина за пожарот, се чека официјалниот полициски извештај. Засега само се претпоставува дека се работи за електрични инсталации.
Во овој пожар нема повредени или жртви.