Сува трева и борова шума од рано утринава гори кај селото Градец каде од 06:50 часот интервенираат пожарникарите од Крива Паланка, информира Центарот за управување со кризи.
Оттаму апелираат до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено и да не палат отпадоци дури и во нивните дворови, бидејќи ветерот многу лесно може огнот да го пренесе на околната вегетација којашто е сува и многу нарасната.
Според информациите на ЦУК, во текот на вчерашниот ден беа изгаснати 33 пожари.