Пожар на Хаваи: Откако се именувани стотици исчезнати, многумина се јавија дека се добро

Ден откако округот Мауи на Хаваи ги објави имињата на 388 имиња на луѓе исчезнати во најсмртоносниот пожар во САД во повеќе од едно столетие, повеќе од 100 лица или нивни роднини се јавиле да кажат дека се безбедни, објави Федералното истражно биро (ФБИ).

Агенцијата наведе дека ги прегледува информациите кои ги дале, и во моментов работат на отстранување на пријавените имиња од листата.

„Многу сме им благодарни на луѓето кои ни се јавија по телефон или преку електронска пошта. Отстранувањето на лицата од листата ни овозможи да посветиме повеќе ресурси за оние кои сѐ уште се на листата“, изјави Стивен Мерил, специјален агент на ФБИ.

Уште траат акциите за претрага и спасување по шумските пожари кои на 9. август ги зафатија Хаваи.

Надлежните наведоа дека од вчера успеале да дојдат до уште 1.732 лица кои се наоѓале на подрачјата зафатени од пожарот.

Официјалната бројка на загинати во шумските пожари на Хаваи изнесува 115.

Американскиот претседател Џо Бајден ги посети Хаваи на 22. август и вети помош.