„Нема зборови со кои може да ја опишам тагата“ Српскиот претседател Вучиќ се прости од трагично загинатиот Милош Ковачевиќ (фото)

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се прости од Милош Ковачевиќ, вршител на должноста помошник министер за труд, вработување, бранители и социјални прашања и долгогодишен член на Српската напредна странка, кој беше трагично убиен.

– Почитуван брат Милош, нема зборови со кои можам да ја опишам тагата предизвикана од вестта за твојата смрт, ниту има зборови со кои можам да ти се заблагодарам за сè што направи за нашата Србија и нашата партија. Бевте најдобриот активист на СНС, чесен и доблесен, вреден, борбе и и пожртвуван, секогаш насмеан, полн со оптимизам и желба да ја направиме нашата Татковина подобра. Јас сум ти вечно благодарен за сè. Почивај во мир драг брате и Господ да ти даде рајска населба – порача претседателот.

Милош Ковачевиќ (31) загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Љубичево кај Пожаревац.

Ковачевиќ бил сопатник во автомобилот, а загинал и возачот (66).