Познатата млада латино пејачка пронајдена мртва во када во нејзината хотелска соба: Била во иста соба со оженет човек – таткото на две деца мистериозно исчезнал од местото на настанот !?

Младата колумбиска пејачка Камила Стерлинг (23 г.) била пронајдена мртва во кадата на хотелска соба во Мајами, Флорида.

Младата девојка имала желба да стане позната пејачка, а популарноста ја стекнала со објавување на провокативни фотографии на социјалните мрежи. Нејзиниот менаџер Дејвид Болни за младата пејачка изнајмил хотелска соба, чија цена е 2.600 евра од ноќ.

Тој бил во собата со неа, а како што пишува Daily Mail, Дејвид е оженет и има две деца. Пејачката била пронајдена мртва во таа соба, а менаџерот ја напуштил собата околу 04:00 часот на денот на несреќата, пред да пристигне полицијата.

Полицијата сега ги истражува причините за смртта, а во просторијата се пронајдени и сомнителни супстанци и се чекаат резултатите.