Познатата пејачка никогаш не била послаба: Обожавателите се загрижени, таа облече фустан кој не ѝ стои на секоја жена… (фото)
Пејачката и актерка Аријана Гранде повторно блесна во стајлингот кој оди со ликот на промоцијата на новиот филм „Wicked“ во кој глумеше неодамна.
Нежно розовата боја беше изборот за презентација на овој филм, а истиот трик го искористи и Маргот Роби кога се појави на црвените теписи по премиерата на филмот „Барби“.
Аријана се одлучи за многу интересно парче, кое не и’ прилега на секоја дама, а додатоците дефинитивно се за „храбрите“. Имено, нежно розев фустан со свиленкаст сјај ја следеше тесната линија на нејзиното торзо, кое делува потенко од кога и да е, додека од колковите пламнува како познатиот стил „балон“. На нозете носеше штикли во иста нијанса со интересен детаљ на петицата.
Косата и’ беше во тесна пунџа и шминка која е во нејзин стил, со нагласени очи и разголени нијанси. Сепак, сите зборуваат за нејзината чанта која раскажува своја приказна.
Во нијанса како фустанот и штиклите, чантата е едноставна и има цврста форма на коцка. Сепак, нејзиното лице е направено од мали детали и со ова Аријана Гранде го подигна својот стајлинг на едно поинакво ниво. Ќе признаеме, ретко која дама би носела ваков аксесоар во рака.
Со месеци, ако не и една година, фановите ја објавуваат својата загриженост за нивната омилена пејачка и нејзиното здравје. Аријана во оваа прилика не се огласи, само навестуваше дека е добро и дека ја боли тоа што сите мислат дека „се бори со некоја болест“.