Познатата холивудска актерка Сандра Булок ја загуби љубовта на својот живот: Нејзиниот долгогодишен партнер почина од тешка и неизлечива болест

Долгогодишниот партнер на холивудската актерка Сандра Булок почина на 57-годишна возраст. Трагичната вест за магазинот Page Six ја потврдила неговото семејство.

Со голема тага соопштуваме дека Брајан Рандал почина на 5. август по 3-годишна битка со АЛС (амиотрофична латерална склероза). Брајан Рандал уште од самиот почеток одлучи дека сака да води приватна борба против тешката болест, а ние дадовме се од себе да ја почитуваме неговата одлука. Искрено сме им благодарни на неуморните доктори и прекрасните медицински сестри кои го придружуваа во неговата тешка битка“, се наведува во соопштението од неговото семејство.

Споменатиот магазин пишува дека семејството бара приватност во ова време на голема тага.

Амиотрофичната латерална склероза е невролошка болест која доведува до мускулна парализа, инвалидитет и на крајот смрт. Тоа е едно од најчестите моторни заболувања и се манифестира со влошување на долниот или горниот моторен неврон со последователна прогресивна мускулна атрофија.

слика
Брајан Рандал и Сандра Булок

Фотографот Брајан Рандал ја запозна Сандра Булок на роденденот на нејзиниот син Луис во јануари 2015 година. Недолго потоа започнале љубовна врска. Во октомври истата година, тие се појавија заедно за прв пат на црвениот тепих на премиерата на филмот на актерката „Our Brand Iz Crisis“.

Иако го чуваше својот љубовен живот подалеку од очите на јавноста, во декември 2021 година, за време на гостувањето во емисијата „Red Table Talk“, холивудската ѕвезда изјави дека ја пронашла љубовта на својот живот.

Пред да се објави веста за неговата смрт, некои извори шпекулираа дека парот раскинал затоа што долго време не биле видени во јавноста.

Пет години пред да ја запознае „љубовта на нејзиниот живот“, Сандра Булок се разведе од Џеси Џејмс. Бракот се распадна во јавноста по серијата таблоидни написи за неговото неверство. Серискиот прељубник и актерката се венчаа во 2005 година, а веста за неверството дојде откако заедно го посвоија бебето Луис.