Позната аргентинска манекенка открива пикантерии од нејзината интимна афера со Лионел Меси: “Тој е лош во креветот, трупец…“

Ноќ која никогаш нема да ја заборавам“, ова се зборовите кои ги употребила поранешната аргентинска манекенка Ксоана Гонзалес за да ја опише својата афера со фудбалерот Лионел Меси.

Не е само Кристијано Роналдо тема на светските медиуми овие денови кога се во прашање поранешните љубовнички. Изгледа сега дојде редот на светскиот шампион, Лионел Меси. Не е поштеден ниту славниот Аргентинец, иако се подготвува да замине во Саудиска Арабија каде треба да ја продолжи кариерата.

Лео Меси
Лионел Меси

Поранешната девојка на магазинот Плејбој Ксоана Гонзалес се присетила дека водела љубов со познатиот Аргентинец, по една забава, одамна во 2011 година.

Тоа се случи пред многу години. Беше многу млад. Но, тој знаеше што прави, беше полнолетен, тоа е важно“, изјавила Ксоана Гонзалес во посета на една ТВ станица во Перу и додала: „Не ми пријде тој, туку неговиот телохранител. Ми кажа дека има некој што би сакал да ме запознае. Ме интересираше, а потоа пред мене се појави Меси, идолот на сите нас во Аргентина“.

Тогаш Ксоана Гонзалес открила дел од разговорот меѓу неа и Лионел Меси.

Го прашав зошто ми испрати човек од неговото обезбедување, наместо самиот да ми пријде и да ме сретне. Дури подоцна забележав колку е срамежлив. Зборувавме за музика, не се сеќавам дали ми кажа дека има девојка или не. Потоа отидовме во неговиот стан во Пуерто Мадера“, изјавила девојката.

Потоа, Ксоана Гонзалес ги открила пикантериите на Аргентинецот од спалната соба.

Во кревет очекуваш дека ако направиш нешто, тогаш и другиот ќе ти го направи истото. Сакав да ми даде уште малку. Но… Во одреден момент ми се чинеше дека сум со трупец а не со момче“, кажала Ксоана Гонзалес со што ја опишала нејзината афера со фубалерот.