ВИДЕО | ‘Кралот’ се обиде да направи атракција но, се посрамоти како никогаш претходно! Погледнете го потегот на ЛеБрон Џејмс – навивачите ‘пукнаа’ од смеење

ЛеБрон Џејмс сакаше да направи атрактивно забивање, но на крајот…

ЛеБрон Џејмс не успеа да ја израмни финалната серија со своите Лејкерси во западната конференција против тимот на Денвер Нагетс.

Благодарение на фантастичната игра на Србинот, Никола Јокиќ, Денвер Нагетс поведоа со 2:0 во серијата, откако во вториот натпревар по пресврт го совладаа тимот на Лос Анџелес Лејкерс со резлутат од 108:103.

Искусниот ЛеБрон Џејмс се обиде да му донесе триумф на својот тим, беше најефикасен кај Лејкерси со 22 поени, но тоа не беше доволно во дуелот против Никола Јокиќ и расположената компанија.

Шутот повторно не му послужи на најголемата ѕвезда на Лејкерси, имаше катастрофални 0/6 за тројки, а на овој натпревар често промашуваше.

ЛеБрон Џејмс, кој е познат по бруталните забивања, во второто полувреме се обидел да изведе едно, како во старите добри денови. Не успеа да реализира атрактивно забивање, ја испушти топката и Лејкерси останаа без два лесни поени.

Навивачите на Денвер Нагетс во преполната „Бал арена“ врескаа од смеа по неславниот потег на популарниот „крал“, погледнете.